почне речиси од дното… А ти нема да бидеш баш на дното. На секоја
фирма ѝ се потребни добри сметководителите. Инаку, владата и некои
вработени жив ќе ме одерат.
„Твојата работа ќе биде да го запреш одливот на пари во празно во
нашата фирма.“ Сега веќе во од размислуваше, нешто што му одеше од
рака. „Ќе треба да го анализираш секој дел од нашиот бизнис и да го
поврзеш со неговите финансиски резултати. Потоа ќе можеш да предлагаш
подобрување на нашето работење. Знаеш, јас стареам, и повеќе не можам
да го проверувам пулсот на сите наши операции како порано.
„Затоа си ми потребна ти. Член од семејството на кој можам да верувам, интелигентна си и добро образована… помлада личност со издржливост и
елан за соодветно завршување на работите. Никој друг не одговара на тој
опис, така?“
Таа погледна во неговите очи за да процени дали ја лаже, но мораше да
се согласи дека нема никој друг кој би ја исполнувал таа функција. „Знам
дека ми ласкаш, тато, но тешко ми оди расправањето со тебе, така што ќе
направам како што сакаш, но решена сум да имам вистинска работа, не
само некој апсурден изговор што си го измислил за мене. Сериозна сум
дека сакам вистински да придонесувам за нашиот бизнис. Сакам некако да
се оддолжам. Дали се разбираме?“
„Да, душо, но мора да го разбереш и ова: ќе биде потребно малку време
за да се подготвиш за оваа нова улога. Не е самата работа толкува нова, порано јас ги проверував сите мои бизниси во текот на денот или неделата, зависно од тоа како наложуваа околностите, но попуштив во тој поглед, така
што сакам да се надоврзам каде што сум застанал. Сепак, ова е нова улога
за тебе и ќе биде потребно време за да ја научиш.
„Дали го разбираш тоа?“
„Да, тато, кога да почнам? Едвај чекам да работам со тебе.“
„И јас, душо, но ајде да ти најдеме нов компјутер само за канцелариска
работа, како и поголемо биро. Ти можеш да го средиш сето тоа, па да се
запишеш на некој курс за сметководство. Прашај го Мануел, нашиот
сметководител, кој го препорачува и купи го истиот софтвер којшто го
користи и тој.“ Додека Џон го кажуваше сето тоа, сфати дека топката е
повторно на негов терен оти ѝ даде на ќерка си значајна функција за која
може да се гордее дека ќе ја исполнува добро.
Тој сепак не сакаше таа да се приближува до неговите нечесни работи.
∞
Кога Дејзи седна крај своето биро во девет часот следното понеделничко
утро, таа го вклучи својот компјутер епл мак и зјапаше во празниот
сметководствен програм. Никој не дојде кај неа, никој не ѝ прати податоци и
никој не побара совет од неа. Меѓутоа, таа беше решена да ѝ даде свој
печат на работата. Знаеше дека татко ѝ некако ја мавта, но подеднакво
беше убедена дека ѝ ја кажува вистината кога призна