за да го спречи да не стане дел од востанието што го водело Ирското
републиканско братство, за кое се ширеле гласини во кругот на
информираните од крајот на 1914 година. Планирале да ја искористат
опсежната вмешаност на Британија во Првата светска војна, а Германија им
понудила оружје ако може да организираат некаков бунт. Таа се загрижила
за неговата безбедност откако некој пријател ѝ кажал дека Џон сериозно
размислува да стане дел од „каузата“ – да се обедини Ирска и да се отараси
од влијанието од Вестминстер.
Првата година од Првата светска војна, тој беше ситен криминалец во
Ист Енд во Лондон, но живееше во соба од куќа каде што сместуваа жени
бегалци од Белгија. Во Обединетото Кралство имаше стотици илјади
бегалци од Белгија, од кои повеќето беа жени и деца. Тој имаше забележано
дека многу од нив мораа да се продаваат за да можат да се издржуваат, па
препредено позајми доволно пари од лихвар за да изнајми куќа, која ја
користеше како бордел. За една недела имаше десет белгиски млади жени
и девојчиња кои живееја и работеа таму по цел ден, а за една година имаше
десетина такви „бизниси“. За пет години веќе ги поседуваше куќите.
Првото што го направи откако почна да заработува беше да ги повика
помладите браќа да му помогнат во раководењето на новите потфати кои
стануваа сѐ покомплицирани.
Со неполни триесет години беше милионер, нешто на што особено беше
горд, затоа што пристигна во Лондон во 1914 година едвај со една фунта.
Џон Помладиот бил плод на една од многуте врски со една од
проститутките, но не и со човекот кој за него беше татко, односно таткото кој
го посвои, бидејќи неговите родители загинале во две одделни престрелки
во неговото семејство. Џон Постариот го посвоил Џон Помладиот бидејќи се
срамел од постапката на брата си и од тоа како неговите потомци го
казниле. Се ширеа муабети и дека во семејството имале мал број на
сперматозоиди, па Џон Помладиот отсекогаш мислеше дека останува
доследен на традицијата на своите машки предци.
∞
По два месеци, по уште едно од низата водење љубов, но пред Џон да
заспие, Тереса му шепна на уво на својот шеф:
„Џони, мил мој хероју, ќе бидеш татко...“
„А? Што зборуваш, Тери? Не можам да имам деца... Никогаш не сум
имал, а сега секако сум престарен! Како и да е, ти ми кажа дека си имала
менопауза, така што ни ти не можеш да раѓаш.“
„И јас мислев така, така што бебево е Божји дар за нас, Џони...“
„Право чудо, ако е точно. Дали си била на лекар?“
„Сѐ уште не, но жените ги знаат ваквите работи, не им треба лекар за да
ги информира.“
„Можеби не им треба ним, но на мажите им треба, така што утре да одиш
и да дознаеш за сигурно, девојче.“
„Но,