луѓето од средната класа со безбедни работни места. Жените коишто
никогаш во животот не морале да работат и мажите коишто ги користеле
девојките навечер, откако во текот на денот ги проколнувале. Една мудра
жена на средни години еднаш ми кажа на темата за сексуалните
работнички, ’По тој пат тргнуваат многу жени во потрага по Божјата милост.‘
Те преколнувам, Дејзи, не заборавај дека си родена со привилегии. Твојата
положба во животот не е нормална... Си можела да се родиш како убава
бегалка без скршена пара. Што би дала тогаш за храна и сместување?
Размисли убаво за тоа... Твоите заклучоци може да те изненадат.
„Како и да е, веќе се обидов да објаснам дека ќе пропадневме ако не
соработувавме во тоа време со нив - но тоа сѐ уште е точно. Мажите сакаат
да легнат нешто кога се на одмор. Зачудувачки е, нели, тоа што дури и овие
прости девојки без скршена пара може да го обликуваат бизнисот? Сепак, единственото нешто што се има сменето е причината поради која девојките
сакаат пари. Во шеесеттите, тоа беше за основните потрепштини во
животот, а сега често е за луксузи...освен во случајот со бегалците, нормално. Дали е погрешно да им се помага на луѓето да ги достигнат
своите цели? Зарем не е подобро да не се критикува некој, освен ако
искрено не можеш сам на себе да си кажеш дека си бил во негова кожа?
„Јас мислам дека не е погрешно да се најде разбирање и да се направи
обид за помош, особено кога луѓето што донесуваат закони се истите тие
коишто седат по баровите навечер, движејќи ја нагоре раката ставена на
голата нога на убавата, млада непозната жена што седи до нив. Повеќето
луѓе се лицемери, пиле. Сите се со девизата ’Прави како што ти велам, не
како што правам јас.‘ Ти си уште млада, а јас сакав да те заштитам од
поникаквата страна на животот, како што направив и со мајка ти, но сфатив
дека сум погрешил. Ти работиш во фирмата, а Андалузија не е голема. Сега
кога живееш тука и имаш активна улога во заедницата, прашање на време
беше кога ќе дознаеш за репутацијата на нашето семејство.“
„А, што друго може да слушнам?“ Таа се престори во уво. Татко ѝ
никогаш не зборувал така отворено со неа за неговото семејство, за
минатото или пак за неговите деловни интереси. Меѓутоа, таа повеќе се
шокираше од себе, отколку од него. Очекуваше да биде етички понадмена, но дозна дека не е. Таа исто така сфати дека децата на училиште зборуваа
малку повеќе од вистината, не дека тоа нешто менуваше во нејзиното
размислување за нив - тие сепак сакаа да го навредат нејзиното семејство и
тоа беше доволно, независно дали имаа право или не.
Џон воздивна. „Па, исто така порано, девојките сакаа да пушат трева или
дрога. Многу од нив беа од Мароко, а најдобрите трева и лесен хашиш
доаѓаа