Синџирот На Дејзи. Owen Jones. Читать онлайн. Newlib. NEWLIB.NET

Автор: Owen Jones
Издательство: Tektime S.r.l.s.
Серия:
Жанр произведения: Зарубежные детективы
Год издания: 0
isbn: 9788835418160
Скачать книгу
p>колено,

      Ами по посматрање и анализа, ако нешто ти има смисла и е корисно за

      општото добро и има полезност за сите, прифати го и живеј според тоа.

      Гаутама Буда

      ------

      Голем духу, чијшто глас е во ветрот, слушни ме. Дозволи ми да растам во

      сила и знаење.

      Натерај ме секогаш да го гледам црвеното и пурпурно зајдисонце. Нека

      моите раце ги почитуваат нештата коишто ми ги имаш дадено.

      Научи ме на тајните под секој лист и секој камен, како што ги има учено

      луѓето во ерите пред мојата.

      Дозволи ми да ја употребам силата не за да бидам поголем од мојот брат, туку да се изборам со најголемиот непријател – себеси.

      Дозволи ми пред тебе секогаш да доаѓам со листи раце и отворено срце, та

      кога јас ќе замирам од Земјата, мојот Дух да се врати кај тебе без срам.

      (Според традиционална молитва на Сијуксите)

       СОДРЖИНА

      1 Ла Вила Бланка, Марбеља, 1995 година

      2 Првите години на Дејзи

      3 Учењето занает

      4 Дејзи стекнува самодоверба

      5 Илегалците

      6 Приказната на Тереса

      7 Излегувањето на Дејзи

      8 Борбата за идентитетот

      9 Се остварува еден план

      10 Жртвеното јагне

      11 Грешката на Дејзи

      12 Последици

      13 Цената на будалштината

      14 Закрепнување

      15 Крстосувањето

      16 Истрагата

      17 Документите на Џон

      18 Се стега обрачот

      19 Алката што недостасува

      20 Чистењето

      21 Правда, на некој начин

      22 Првата алка

      23 Епилог

       1 ЛА ВИЉА БЛАНКА, МАРБЕЉА, 1995 ГОДИНА

      Тереса лежеше на грб на креветот, дишејќи длабоко, со огромна

      насмевка на лицето, веднаш до нејзиниот шеф Џон, кој на шеесет и пет

      години имаше претрпено премногу казни во животот за да преземе активна

      улога во страсното водење љубов. Тој сакаше таа да пцуе додека се

      задоволува и себе и него, но тоа не ѝ одеше од рака, па кога ќе се

      вжештеше атмосферата, таа обично забораваше. Тереса имаше четириесет

      и две години и беше горда што Џон беше љубовник. Всушност, таа со

      години го сакаше, и покрај големата разлика во години. Истакнатиот

      Англичанец првично ја привлече кога тој доаѓаше да купува кај неа на

      пазарот Фуенхирола, а во него се заљуби речиси уште првиот ден откако ја

      вработи да му биде готвачка и куќна помошничка. Таа тогаш не знаеше дека

      неговите чести посети на пазарот биле изговори за да дојде и да ја види.

      „Одлично беше, Тери, девојко… О, да… Знаеш како да расплачеш

      возрасен маж.“

      Тереса се истркала кон љубовникот, над неговата десна рака којашто ја

      чекаше. Таа ја стави својата рака врз неговите гради. Се бакнаа.

      „Најдобра си“, ѝ рече.

      „Лесно ми е да те усреќам, Џони, затоа што те сакам. Ти си мојот херој и

      спасител“, одговори таа, како што често знаеше.

      Однадвор се слушна експлозија како придушен тресок. Истовремено

      кога Џон се посегна по телефонот, тој заѕвони. Му се јави човекот кој и тој

      планираше да го побара, баш како што знаеше дека ќе му се јави.

      „Што беше тоа, Тони?“ праша тој, без ниту трошка немир во гласот.

      „Уште не сум сигурен, шефе, но не нѐ нападнаа нас...“ Го прекина втора

      експлозија, слична на првата, а потоа и трета, но поинаква.

      „Доаѓа од долу по патот, нешто подалеку е. Мислам дека е од кај О’Лири, според облаците чад. Сега ќе одам надвор да видам подобро.“ Тони беше

      голем маж, колку врата, со ќелава глава. Тој беше одговорен за

      обезбедувањето на Џон и кај него работеше десет години.

      Џон можеше да го слушне преку телефонот како трча, без нималку да се

      задише, а потоа како запира. „Сега сум на околу двесте метри од нивната

      предна капија. Изгледа ја нападнале куќата и предната капија... и насекаде

      има делови од мотор... Двајца се наземи... запалени... Оф! Мислам дека

      сега ги докрајчија со по еден удар со бејзбол палка по тиловите. Мене ми

      изгледа како напад од минување, со ракетен фрлач. Ќе се вратам. Нејќам да

      ме